Трамп: На САД не им треба договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека на САД не им треба договор со Иран и оти на потпретседателот Џеј Ди Венс му наредил да го фокусира „целото свое внимание“ на наводниот криминал и корупција во градовите и државите управувани од демократите.
„Не ни треба договор со Иран. Тие денови се одамна минато. Ги имаме нивните пари, стотици милијарди долари, и ја имаме и нивната теснина!“, објави Трамп на социјалните мрежи, алудирајќи на Ормуска Теснина.
Тој наведе дека побарал од Венс да се фокусира за сузбивање на наводните измами во градовите и државите контролирани од демократите.
„Нашиот буџет би можел брзо да се БАЛАНСИРА со корекција на овие криминални активности од голем обем. КОРУПЦИЈАТА е во крвта на демократското лидерство!“, наведе Трамп.
„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори, вчера објави дека Венс размислува за директна средба со секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран Мохсен Резаи, како дел од напорите на Вашингтон за продолжување на разговорите со Техеран и завршување на војната со Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
