-->
-->
Трамп најави купување на нов автомобил Тесла во знак на поддршка за Илон Маск
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе купи нов автомобил Тесла како знак на поддршка за сопственикот и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести против Тесла и падот на цената на акциите на компанијата.
-Утре наутро ќе купам сосема нова Тесла како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.
Улогата на Маск во федералните отпуштања иницирани од Трамп предизвика протести во САД.
Минатата недела, околу 350 демонстранти се собраа пред салонот на Тесла во Портланд, додека девет лица беа уапсени за време на протестот пред изложбен салон во Њујорк на почетокот на март.
Маск му се заблагодари на претседателот за неговата поддршка на „X“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта