Трамп најави производство на борбен авион од шестата генерација Ф-47
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД наскоро ќе започнат со производство на борбен авион од шестата генерација наречена Ф-47.
„Военото воздухопловство на Соединетите Држави оди напред со првиот светски борбен авион од шеста генерација, ништо на светот не му е ни близу, и ќе биде познат како Ф-47“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана, Пит Хегсет.
Трамп истакна дека експерименталната верзија на Ф-47 лета речиси пет години, а за производството ќе биде задолжен Боинг, пренесува Си-Ен-Ен.
„По ригорозен и темелен натпревар меѓу некои од најголемите американски воздухопловни компании, Воздухопловните сили ќе му доделат на Боинг договор за следната генерација на платформи за воздушна доминација“, објави Трамп.
Кон крајот на минатата година, американските воздухопловни сили ја паузираа одлуката за производство, велејќи дека конечната одлука ќе биде на администрацијата на Трамп.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите