-->
-->
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-->

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес истакна дека никој не смее да ги покачува трошоците за нафта и подвлече дека ја надгледува состојбата. Тој го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со истражувањето на сопствените нафтени резерви.
„Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите е во корист на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Во својата објава за цените на нафтата, Трамп ја изрази својата надеж дека овие трошоци нема да растат, поради загриженоста дека актуелниот судир на Блискиот Исток би можел да предизвика нивно зголемување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
