Трамп: Никој не знае кој управува со Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека никој не знаел кој управува со Иран, во услови на американско-израелската војна против Исламската Република што трае веќе осум месеци.
„Нивните лидери ги нема, ја нема ни втората група лидери, а мојот најголем проблем е што никој не знае кој, по ѓаволите, управува со земјата“, изјави Трамп.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во неделата изјави дека Вашингтон добро знае кој е неговиот ирански пандан и како функционира системот за донесување одлуки во Иран.
„Проблемот, всушност, е токму спротивен - тој произлегува од противречните ставови и неусогласените пораки на американските официјални претставници“, рече портпаролот пред медиумите.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен на првиот ден од американско-израелската војна против Иран што почна на 28 февруари. Неговиот син Моџтаба Хамнеи беше избран за наследник, но не се појавил во јавноста откако беше ранет во истиот напад во кој загина неговиот татко.
Иран возврати на нападите со удари врз Израел и земјите од Персискиот Залив во кои се распоредени американски воени бази.
Во американско-израелските напади врз Иран и израелските напади врз Либан загинаа илјадници луѓе, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.
Растот на цените на горивата поради војната претставува проблем за Републиканската партија на Трамп во пресрет на ноемвриските меѓуизбори во САД, од чии резултати ќе зависи која партија ќе има контрола врз Конгресот.
Популарноста на Трамп во последно време е на рекордно ниско ниво, во услови на загриженост поради високите трошоци за живот предизвикани од поскапувањето на бензинот и дизелот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
