Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека неговата политика на депортации била престрога и дека тоа им наштетило на републиканците на конгресните избори, на кои партијата изгуби повеќе од 40 места во Претставничкиот дом.
Трамп ова го изјави во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес (CBS), негово прво поголемо интервју по изборите. Според Си-Би-Ес, републиканците изгубиле повеќе од 40 места во Претставничкиот дом и најмалку седум во Сенатот, а некои изборни резултати сè уште не се конечни.
– Мислам дека добив чиста петка за затворањето на границата – рече Трамп. Сепак, додаде дека ја изгубил поддршката бидејќи биле депортирани и луѓе кои имале добри работни места.
– Мислам дека тоа беше престрого – додаде американскиот претседател.
Трамп изјави дека би сакал да постигне договор со демократите во Конгресот за прашањето на имиграцијата. Според Еј-Би-Си њуз (ABC News), тој зборувал за изнаоѓање решение за луѓето кои живеат во САД десет или 15 години, како што се келнерки, хигиеничарки и градинари.
Трамп смета дека главната причина за изборниот пораз е тоа што тој лично не бил кандидат. Тој рече и дека, според неговото мислење, гласачите не излегле на изборите, како и дека пораката за економијата била лоша, „можеби и од моја страна“.
Според излезните анкети на Си-Би-Ес, 63 отсто од гласачите не ја одобруваат работата на Трамп, а 44 отсто изјавиле дека гласале за да го изразат своето противење кон него. Вкупно 58 отсто сметаат дека администрацијата отишла предалеку во однос на имиграцијата.
Трамп призна и дека војната со Иран не им одговарала на гласачите. На прашањето дали ќе ја ескалира, одговори: „Не го сакам тоа. Мислам дека нема причина за тоа“.
Трамп најави дека пред крајот на мандатот ќе издаде „огромен број помилувања“. Тој рече и дека самопомилувањето „сигурно не е неразумно“.
За министерот за одбрана Пит Хегсет рече: „Сакаат да го отповикаат. Тоа е многу неправедно“. На прашањето дали ќе изврши промени во составот на Кабинетот, одговори дека ќе има промени, но „мали“.
МИА
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
