Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор - Русија е многу голема сила“.
Во интервјуто за „Фокс њуз“, Трамп наговести дека размената на територии и безбедноста на Украина биле дискутирани за време на средбата со Путин.
Водителот, пак, посочи дека ќе има „некои размени на територии“ и „повеќе руска територија“, додека Украина ќе добие „безбедносни мерки што не се поврзани со НАТО“.
На прашањето дали ова е начинот на кој ќе заврши кризата, Трамп одговори: „Мислам дека тоа се точките за кои се согласивме, тоа се точките за кои во голема мера се согласивме. Мислам дека всушност се согласивме за многу работи“.
Во исто време, американскиот претседател рече дека смета оти страните се „блиску до договор, но не сака да зборува за тоа“, сугерирајќи дека давањето детали би го уништило договорот.
Тој одби да разговара за тоа за што се согласиле тој и Путин и што останало нерешено.
Путин претходно рече дека не е против средбата со Зеленски, но дека прво мора да се исполнат „одредени услови“. Кремљ рече дека двајцата треба да се сретнат само кога на маса ќе има мировен договор, подготвен за потпишување.
МИА
Ново на Сител
-

Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-

Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-

Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-

Пазарите преплавени со фалсификуван мед
-

Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети
-

ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра
-

СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат
-

Трамп ќе го поддржи планот на Путин за крај на војната, според кој Донбас би бил предаден на Русија?
