Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп во воведниот говор на Светскиот економски форум во Давос денеска изјави дека „нема да употреби сила“ за да ја преземе контролата врз Гренланд, што веднаш предизвика скок на индексите на светските берзи, јави ДПА.
Тој повторно инсистираше дека на САД им е потребна сопственоста врз големата арктичка територија заради воспоставување систем за ракетна одбрана и меѓународна безбедност.
„Не можете да го браните со лизинг“, рече Трамп.
Само САД „се во позиција да можат да го обезбедат Гренланд“, им рече тој на лидерите во Давос.
Тој рече дека „бара итни преговори за повторно да разговараат за стекнувањето на владение врз Гренланд од страна на САД“.
За време на високиот собир во швајцарското алпско одморалиште Трамп има испланирано голем број состаноци за Гренланд.
Европските сојузници на НАТО изразија солидарност со Данска и Гренланд, но Трамп рече дека од 1 февруари ќе воведе казнени царини за да изврши притисок врз противниците на продажбата на арктичкиот остров на САД.
Трамп денеска изјави дека ставот на САД за стекнување на Гренланд од Данска не е променет: „Можете да кажете да и ние ќе бидеме многу благодарни или можете да кажете не и ние нема да ви заборавиме“.
МИА
Ново на Сител
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
