Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе биде тешко да се постигне трговски договор со Канада откако канадскиот премиер Марк Карни најави дека неговата земја планира да ја признае палестинската држава.
Претходно, Карни изјави дека Канада има намера да признае палестинска држава на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Канадскиот лидер ја даде изјавата откако слични планови беа објавени од Франција и Велика Британија.
Израел и САД ја критикуваа изјавата на Карни.
Канада и САД работат на преговори за трговски договор до 1 август – датумот на кој Трамп се закани дека ќе воведе царини од 35 проценти за сите канадски стоки што не се опфатени со трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада. Карни вчера изјави дека преговорите за царините со администрацијата на Трамп биле конструктивни, но дека не сите прашања може да бидат решени пред крајниот рок.
Карни нагласи дека планираното признавање делумно се должи на повторените уверувања од Палестинската самоуправа, која ја претставува Државата Палестина во Обединетите нации, дека ќе ја реформира својата влада и дека е подготвена да одржи општи избори во 2026 година, на кои палестинската вооружена група Хамас „нема да може да учествува“.
Најавите за признавање на палестинска држава од страна на некои од најблиските сојузници на Израел го одразуваат растечкиот меѓународен гнев поради ограничувањата што ги наметна Израел за храна и друга помош за Газа, како и тешката хуманитарна криза таму.
МИА
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука