Трамп тврди дека Иран е целосно поразен

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран е целосно победен и бара договор.
– Медиумите, кои шират лажни информации, не сакаат да известуваат за одличните резултати што ги постигна американската војска против Иран, кој е целосно поразен и сака да склучи договор, но не договор што јас би го прифатил – објави Трамп на „Трут соушл“ (Truth Social), пренесува МИА.
Тој претходно на сопствената социјална мрежа објави дека американската армија само што извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блиски Исток.
– Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харг, бисерот на Иран – наведе Трамп.
Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.
– Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука – посочи Трамп.
Тој го повика Иран да го положи оружјето и „да го спаси она што останало од нивната земја, а нема многу од неа“.
Иранските вооружени сили утрово соопштија дека секој напад на нафтената и енергетската инфраструктура ќе доведе до напад на енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании кои соработуваат со САД во регионот.
Островот Харг е мал остров во северниот Персиски Залив, во близина на брегот на Иран, кој служи како терминал за речиси целиот извоз на нафта од полињата во централен и западен Иран. Низ Харк поминува околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран, поради што островот се смета за најчувствителна економска цел на Иран.
Преку Харк поминуваа од 1,3 милиони до 1,6 милиони барели нафта дневно. Но, Иран го зголеми својот проток на околу три милиони барели дневно кон средината на февруари, според инвестициската банка „ЏП Морган“, во очекување на можен напад предводен од САД. Дополнителни 18 милиони барели се складирани и на островот како безбедносна резерва.
Терминалот првично бил изграден од американската нафтена компанија „Амоко“ и бил преземен од Иран за време на револуцијата во 1979 година.
Ново на Сител
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
