Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и оти Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормуската Теснина.
-Ќе видите дека работите ќе се случат многу брзо – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе биде завршена „на еден или друг начин“, пренесе Фокс њуз.
Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација поголема од 300 проценти, како и дека иранската морнарица и воздухопловство се уништени, а противвоздушната опрема ја нема.
Говорејќи за Ормуската Теснина, Трамп рече дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол целосна контрола“. Тој додаде дека во последните три дена низ Ормуската Теснина поминало повеќе нафта од кога било досега во историјата.
-Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше натрупана – рече Трамп.
Тој претходно изјави дека САД наскоро ќе мора да одлучат дали ќе го нападнат Иран или ќе постигнат договор со Техеран, предупредувајќи дека моменталната „пат-позиција“ се ближи кон крајот.
-Можеби ќе ги дигнеме во воздух. Мораме да ја донесеме таа одлука. Дали да ги дигнеме во воздух или да постигнеме договор – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Тој истакна дека „моментот се ближи“ и оти тоа „ќе заврши многу брзо, на еден или друг начин“.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
