Трговците со нафта и денеска реагираат на намалениот профит
Намалувањето на маржата за 33% на нафтените деривати го доведува во прашање опстанокот на прватините бензински пумпи. Веќе две недели работат со загуба и наместо да добијат покачување за да успеат да опстанат на пазарот, се соочуваат со кратење на средствата со кои ги покриваат тековните трошоци кои се енормно зголемени.
Цената на струјата во 2019-та беше 3,5 денари за KW/C, денес цената на струјата е 24 денари. Покачувањето на платите на вработените, давачките кон државата на платите, се е покачено, а маржата се намалува. Како ќе поделиме плата со намалена маржа- прашува Ѓорги Хубрев, претседател на Асоцијацијата на приватни бензински пумпи.
Компаниите кои со гориво ги снабдуваат институциите, при учество на тендер даваат одредени попусти, со што, однапред се откажале од дел од профитот.
Имаат закани истите тие компании од институциите дека ќе им се активираат банкарските гаранции, доколку не ги услужат по договорените цени-додаде Хубрев
Најповеќе ги иритира етикетирањето од страна на некои граѓани дека се „воени профитери“, зашто пред покачувањето на цените на горивата ги чувале залихите.
Тоа е најголемата болка за нас. Ние не сме воени профитери, ние точевме гориво- изјави Хубрев.
Со зголемување на цената на дериватите на дневна основа, сметаат дека мерката само ќе им наштети, а бенефит нема да има ниту за потрошувачите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар