Три години Штип ја чека изградбата на базенот
Пред 3 години во Штип започна да се гради затворен градски базен, кој според најавите требаше да биде пуштен во употреба од следната 2021-ва година. Но, наместо среден спортско рекреативен центар, градот доби мал незавршен објект, обвиткан со бодликава жица и обраснат во бујна вегетација. Мајстори не се дојдени повеќе од една година, а нема ниту чуварска служба.
- Не сум видел да дојдат луѓе да градат.
- Така е оставен објектот. Не го ни чуваат, ниту пак да продолжат да работат. - анкета штипјани.
Инвеститор на затворениот базен е Агенцијата за млади и спорт и е дел од проектот за изградба на 14 типски базени, од кои досега само во Тетово е даден во владение на локалната самоуправа. Лани од страна на општина Штип беше упатено прашање до Агенцијата, зошто се доцни со изградбата.
- Тогаш имаше одговор од страна на Агенцијата за млди и спорт дека се врши измена на првичниот проект, дека се додаваат фотоволтаици на кровната конструкција, кои не биле предвидени во самиот проект и дека тоа е причината зошто има застој на изградбата на затворениот базен, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Меѓутоа и после измината цела година, градежни активности нема, а одбиен е и предлогот на градоначалникот, со средства од општинскиот буџет да биде доизграден објектот.
- Добивме исти таков одговор, дека нема потреба за такво нешто, дека средствата се обезбедени, избрана е фирма изведувач, економски оператор којшто до крајот на годината има обврска да го догради и доврши затворениот базен, додаде Јорданов
Јорданов даде саркастичен предлог, доколку не се оствари ветеното, на следната седница на Совет да предложи измена на ДУП, со кој спортско рекреативниот центар ќе се пренамени во споменик на работењето на актуелната власт.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар