Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник
Три лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво на регионалниот пат Струмица-Валандово во селото Костурино.
Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вчера во 13 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајната несреќа.
-На 12.09.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво" со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машина за сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица, се наведува во информацијата од СВР Струмица. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
МИА
Ново на Сител
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот