Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР

Новиот закон за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистржувачка дејност ќе бидат поставени на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) идната недела или најдоцна до крајот на месецов.
-Очекувам дека на ЕНЕР ќе бидат ставени на 25 декември, ако не бидат на 25-ти, гарантирам дека ќе бидат до крајот на годинава и ќе останат на ЕНЕР подолго од законскиот рок од 30 дена. Ние ќе ги оставиме подолго, ќе организираме јавни расправи на сите јавни универзитети и јавна расправа во Собранието, ќе ги прибереме сите забелешки, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето научно-истражувачки центар „Знаење+ СО2-“ на Градежниот факултет во Скопје.
Како што рече, според искуството за законите за основно и средно, кога биле стинати околу 3000 предлози, кои делумно се повторувале или различно биле формулирани, очекува сугестии и предлози да има и за овие три закони за високото образование.
-Очекувам да имаме конструктивни забелешки, се што може да прифатиме, ќе прифатиме, а тоа што нема да може да го прифатиме, аргументирано ќе го објасниме, посочи Јаневска.
Со нив се очекуваат значајни промени во високото образование, а и во науката во која, рече таа, „вложуваме многу повеќе од претходно“.
-Круна во научно-истражувачката дејност би требало да биде формирањето на првиот научно-технолошки парк во Македонија, додаде министерката.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
