-->
-->
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-->
Англискиот шампион Ливерпул би можел да се раздели со тројца напаѓачи во текот на летниот преоден рок.
Како што известува новинарот Флоријан Плетенберг на својот X профил, клубовите од Саудиска Арабија покажуваат интерес за уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.
Според изворот, Ливерпул има понуди и за уште двајца напаѓачи - Португалецот Диого Жота и Колумбиецот Луис Дијаз. И двајцата би можеле да го напуштат тимот и доколку трансферите се реализираат, наоѓањето нов напаѓач ќе стане приоритет за Ливерпул.
Луис Дијаз има 49 натпревари оваа сезона, 17 гола и осум асистенции, Дарвин Нуњез играше на 46 натпревари, постигна седум гола и направи седум асистенции. Диого Жота одигра 36 натпревари, постигна девет гола и направи четири асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија