Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
Тројца војници се убиени, а 18 се ранети во руски ракетен напад ноќеска врз украинска единица за обука, соопштија Копнените сили на Украина.
-Непријателот изврши ракетен напад врз територијата на една од единиците за обука на Копнените сили на Украина, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
„За жал, и покрај преземените безбедносни мерки, не беше можно целосно да се избегнат загуби меѓу персоналот. До 21:30 часот е познато дека има тројца загинати и 18 ранети војници“, додадоа Копнените сили на Украина.
Во соопштението не е наведено каде се случил нападот, но воените блогери сугерираа дека се случил во северната украинска погранична Черниговска област.
Во руски воздушен напад врз украински центар за обука на почетокот на јуни загинаа 12 војници, а десетици беа ранети. Нападот го натера тогашниот командант на Копнените сили на Украина, Михајло Драпати, да поднесе оставка.
МИА
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат