Македонија
4. April 2026 - 13:41

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција

Труп на човек бил пронајден во водите на реката Вардар кај Демир Капија, телото било предадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера околу 15:30 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека во водите на реката Вардар, под мостот на општински пат село Корешница – Демир Капија бил пронајден човечки леш во фаза на распаѓање, кој бил изваден од екипа на Територијална противпожарна единица – Неготино. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, информираа од СВР – Велес.

 

МИА