Туризмот остварува резултати, но за повеќе треба ангажман од државата
Развој на руралниот туризам, нови атракции во понудата и задржување на кадрите кои работат во овој сектор. Ова ќе бидат приоритетите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот следната година. Сезоната ја оценија како успешна – со 95 процентна исполнетост на главните туристички дестинации – Скопје и Охрид. За повеќе туристи, побараа посериозен пристап на локалната и централната власт кон оваа гранка, која учествува со 3,6% во креирање на БДП.
- Дeвизниот прилив изнесува 94 милиони долари во 1 квартал оваа година. Јас се надевам дека многу скоро учетството на туризмот ќе биде над 5% од БДП. Овде работат 35. 000 лица чии плати се над просечната. Но, за да останат овде и да се развие повеќе овој сектор потребен е многу посериозен пристап од локалната и централната власт, изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенција за поддршка и промоција на туризмот.
Статитичките податоци покажуваат дека во првото полугодие туризмот бележи раст од 30%, а за речиси 50 отсто е зголемен бројот на странските гости во однос на лани. Само во јуни нашата земја ја посетиле над 110 илјади од кои најголемиот број се од Турција и Србија. Од нив – скоро 47 илјади ги посетели езерските места, а 40 илјади Скопје. Избор за 80 илјади гости било хотелското сместување со 4 и 5 ѕвезди. Само мал дел се одлучиле за планински и бањски туризам.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
