-->
-->
Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-->

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
