Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.
Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.
По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
