Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин

Денеска (01.11.2026), полициски службеници од СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, спроведоа акција за спречување на недозволена трговија со наркотични дроги, при што лишија од слобода две лица од Гостивар.
По преземени оперативно-тактички мерки и активности, полициските службеници извршија интервенција во момент на купопродажба на улицата „Беличица“ во Гостивар. На местото на настанот од слобода се лишени Б.И.(42) и С.Ј.(48), двајцата од Гостивар. При извршениот преглед кај лицата биле пронајдени кокаин и марихуана.
По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот на Б.И., при што биле пронајдени и одземени уште шест опаковки со кокаин, како и парични средства во различни апоени.
Двете лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
