Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице

Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица,
Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули 2026 година во домовите на политички личности во Солун, при што една жена го загуби животот, а уште четири лица беа повредени“.
– Досега се уапсени три лица, а се вршат претреси на објекти и возила, информираа од полицијата.
Додадоа дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.
Според грчките медиуми, уапсените лица ѝ се веќе познати на полицијата за нивните анархистички активности, а станува збор за двајца мажи и една жена.
Во раните утрински часови минатата среда, во период од 17 минути, беа поставени три импровизирани експлозивни механизми на три различни локации во Солун, пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, на поранешниот пратеник од партијата Савас Анастасиадис и на партиската кандидатка Афродити Нестора.
Во третиот и најсериозен случај пред домот на Нестора, повредени беа пет лица меѓу кои и кандидатката за пратеничка и нејзините родители, а нејзината мајка 72-годишната Ваја Нестора, им подлегна на повредите и почина истиот ден.
МИА
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
