-->
-->
УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-->

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
