УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и донесе решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба.
- Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните, посочуваат од УЈП за МИА.
Во објавата на ИРЛ беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции.
- Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на принципите на законитост, транспарентност и професионализам, и ќе продолжи да спроведува нулта толеранција кон секое однесување што ги нарушува овие вредности. Граѓаните можат да бидат уверени дека УЈП ќе продолжи да делува исклучиво во јавен интерес, со највисоко ниво на етика, одговорност и отчетност, нагласуваат од УЈП.
ИРЛ во неделата објави документарен филм за пожарот во Кочани, во кој беа споменати вработени лица на УЈП на начин што упатува на непочитување на законските прописи и интерните акти на институцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
