Бизнис
24. March 2022 - 16:32

УЈП во контрола на уште еден ланец маркети

УЈП влезе и во Кипер маркетите. Над 90 објекти од овој ланец се под лупа на Управата. Се проверува дали го почитувале законот, односно дали се уште наплаќаат ДДВ на основните прехранбени производи, кои треба да бидат  ослободени од данок. Се контролира и состојбата со залихите, за да се утврди дали дел од производите ги криеле по магацините, за подоцна да ги продаваат по повиска цена.

„Контролата е за утврдување на фактичката состојба на залихите кај Кипер маркет. Контролата почна вчера и сè уште е во тек. Сè уште не е утврдена фактичката состојба и за тоа ќе видиме по завршувањето на контролата. Управата за јавни приходи врши контрола на сите деловни простории на Кипер“, рече Кујтим Дервиши - Главен инспектор во УЈП.

Од маркетот ги информираа потрошувачите дека се врши редовна контрола од страна на инспекторите. Додека трае контролата, продавниците ќе останат затворени. Но, до крајот на денов, очекуваат ланецот меркети да ги отвори вратите за потрошувачите.

Инаку, инспекторите постапуваат по пријави на граѓани. Пред два дена контролираа 80 објекти на КАМ маркет, но не утврдија пропусти. Целта, според нив не е да се казнуваат маркетите, туку да им се укаже на даночните обврзници дека мора да го почитуваат законот, кој предвидува дел од основните производои, наместо со 5 да се продава со нула осто о ДДВ. До сега УЈП казни 114 трговски субјекти.