Украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад
Вандализам во Струмица. Откорната и украдена ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад.
Ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер на плоштадот Гоце Делчев беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот клуб Интер, истата година кога се изгради и новиот струмички плоштад. Овој вандалски чин го осудија од општина Струмица од каде што информираа дека случајот веќе бил пријавен во полицијата.
Осуда стигна и од граѓаните кои денеска поминуваа покрај местото на кое до пред еден ден стоеше ѕвездата со името на Пандев.
Кражбата на ѕвездата на Горан Пандев од струмичкиот плоштад не единствениот случај на вандалско однесување во централното градско подрачје на Струмица.
Во последниот период беа регистрирани повеќе случаи во кои несовесни лица континуирано ги уништуваа жардинерии за цвеќе поставени на плоштадот и во неговата околина.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
