Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци

Личните податоци на 1,2 милиони белгиски граѓани биле украдени, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на компании за кибер-безбедност.
Се прецизира дека ова е најголемиот ваков безбедносен пробив во земјата регистриран досега.
Засегнати се жителите на 82 фламански општини, а пробивот бил извршен со помош на вештачка интелигенција. Проверката покажала дека дејствијата биле преземени од странство и траеле од 6 до 15 ноември.
Како извршители се посочуваат хакери од групата Ghost Hunters („Ловци на духови“), кои не влегле во општински сервери, туку во незаштитени мрежи на надворешен давател на услуги што го користеле општините.
Украдените податоци содржат имиња, адреси, датуми на раѓање, матични броеви, броеви на лични карти, броеви на банкарски сметки и лозинки. Овие податоци веќе се шират на интернет.
Нападот бил насочен против 50 организации во Белгија, Франција и Швајцарија, меѓу кои банки, осигурителни друштва, технолошки компании и фирми за плаќања, платформи за игри на среќа и за размена на криптовалути. Половина од целите на хакерите биле во Белгија, прецизираат медиумите.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
