Loading Video...
Свет
19. November 2024 - 16:42

Украина го искористи оружјето на САД

Украина веќе ги употреби американските проектили АТАКМЅ, нападна руска териротија рано утрово тврди Министерството за одрбана на Русија. Според соопштението, Киев истрелал шест балистички ракети со долг дострел идентификувани како ATAКMS. Пет од нив беа пресретнати со системите за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир, додека уште еден беше оштетен и удри во земја на воена локација во регионот Брјанск, предизвикувајќи пожар кој брзо беше саниран. Украинскаат вооружени сили изветија дека наапднале скалдиште за оружје во Брјанск, но  не прецизираа каков вид на оружје е употребено.

Американскиот претседател Бајден и натаму молчи и не ја потврдува во јавноста одлуката дека дал зелено светло за Киев да употребува американски ракети на руска почва , но   еврпскиот шеф на дипламтијата Борел  потврди во негово  име и ги повика другите земји да го следат примерот на САД.

-По долги дискусии, американскиот претседател Бајден одобри употреба на оружје со долг дострел до 300 километри на руска територија. Ова е многу добра вест за Украинците. Тие тоа го побараа.  Се надевам дека земјите  членки на ЕУ  ќе ја следат одлуката на САД истакна Жозеп Боре, шеф на европската дипломатија. 

Рускиот претседател Владимир Путин  одобри измена  во нуклеарната доктрина  според која напад врз руска територија со западно оружје би можело да доведе до нуклеарен одговор.

Денеска беше потпишан многу важен указ на претседателот. Тој указ е потврда за основата на политиката на Руската федерација во делот на нуклеарната политика. Важен елемент на оваа политика е дека нуклеарното одвраќање има за цел да обезбеди потенцијалниот противник да ја разбере неизбежноста од одмазда во случај на агресија против Руската Федерација или нејзините сојузници,- - Дмитри Песков – Портпарол на Кремљ.

Денеска се одбележуваат 1.000 дена од војната во Украина .Земјите – членки на ЕУ  на состанок договараат нов вид на поддршка за Украина во војната. На состанокот присутен е и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој порача дека воените системи кои се доставуваат до Украина, не треба да имаат ограничувања.  Украинскиот претседател  Зеленски  во видео обраќањето пред пратениците во Европскиот Парламент побара  фер и праведен мир за неговата земја.