-->
-->
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-->

Русија секојдневно убива цивили и нема да застане додека не биде запрена, се оценува во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи по денешниот воздушен напад врз градот Запорожје.
Според регионалната воена администрација, руската авијација денеска околу 11:30 часот фрлила две наведувани бомби врз градот. Едната погодила инфраструктурен објект, а другата паднала врз станбена зграда во густо населен кварт.
До 16:00 часот, според гувернерот Иван Федоров, една жена е загината, а повредени се 26 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од 16, 14, 4 и 3 години. Четиринаесетгодишно момче е во тешка состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
