Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
Унгарски Фор ај џи или Оне Македонија телекомуникации доби лиценца за трет мобилен оператор. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека откако ќе уплатат во буџетот нешто над 8 милиони евра за радиофреквенциите - можат да почнат со услуги. За почетокот ќе треба да склучат договор со некој од постојните оператори за користење на нивната мрежа.
-Во рок од 10 дена откако ќе ги уплатат парите за 3те радиофреквенции, можат да почнат со услуги. Теоретски, е можно. Се сеќавате кога Вип влезе на пазарот, за почеток ја користеа мрежата на Телеком, додека да изградат сопствена мрежа. Законски, во рок од една година треба да имаат покриено барем еден град со своја мрежа, односно да имаат барем една базна станица, изјави Јетон Акику, директор на АЕК.
Се влезот на третиот мобилен оператор ќе се зголеми конкуренцијата, по што се очекуваат и пониски цени на мобилните услуги, но и поквалитетна мрежа.
-Секој влез на нов оператот значи поголема конкуренција, која ќе мора да понуди пониски цени за да привлече клиенти, додава Акику.
До сега Македонија беше единстевата земја во Европа со 2 мобилни оператори. Затоа постојано добивавме забелешки во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата. Сега, со Фор Аај џи, Акику очекува позитивна оценка во следниот извештај. Инаку, според податоците на АЕК, над 2 милиони 105 илјади граѓани се активни претплатници во мобилната телефонија.
Најголем удел на пазарот има А1 со 47,5 отсто и Телеком со 46,7 отсто. По остварени приходи пак, Македонски Телеком има удел од скоро 50 %, додека А1 - 48,6 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
