УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ алармира дека „детството не може да опстане“ во градот Газа, додека Израел се подготвува да го заземе најголемиот град во Појасот, како дел од војната против палестинското исламистичко движење Хамас, пренесе ДПА.
„Светот предупредува на катастрофа за речиси еден милион луѓе кои сè уште се наоѓаат во градот Газа, доколку се интензивира воената офанзива“, изјави портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм.
Израелската војска моментално се подготвува за навлегување во градот, а илјадници резервисти беа повикани во вторникот. „Незамисливото не се подготвува допрва – тоа веќе е тука.”
Зголемувањето на насилството е во тек, потенцираше Инграм, опишувајќи ја маката на цивилите во текот на изминатите девет дена.
Според неа, „недохранетоста и гладот ги ослабуваат децата, раселувањето им го одзема домот и грижата, а бомбардирањата го загрозуваат секое нивно движење“.
„Оваа состојба не е случајна, туку последица на одлуки што ја претворија Газа во место каде животот е нападнат секојдневно од сите страни“, рече Инграм, апелирајќи до Израел да ги преиспита правилата за водење на борбите со цел да се заштитат децата и да се овозможи хуманитарен пристап.
Таа исто така побара Хамас да ги ослободи сите заложници.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива