Македонија
29. April 2022 - 12:23

Увозната зависност на Македонија најавува продолжена криза

Македонија е увозно зависна земја, како за суровини, така и за финални производи, па заради тоа имаме и увозна инфлација. 

По две години пандемија беше јасно дека ќе се почувствува инфлацијата, но дополнително со војната во Украина се зголеми и се забраза, смета универзитетскиот професор ЉупчеДавчев.

Сигурно дека тој инфлаторен притисок ќе продолжи и после војната додека се стабилизира од сите потреси, кои се случувале и од пандемијата и од војната. Гледаме дека другите земји, кои не се во војна, меѓутоа коишто извезуават значајни суровини од исхраната се штитат или имаат забрана за извоз, или имаат ограничени количини. Целото не само што влијае врз нашата земја, туку и воопшто ако збориме од економски аспект на ниво на Европа дека се зголемуваат цените, изјави Љупче Давчев, УГД - Штип. 

Воениот конфликт на европско тло најверојатно ќе имплицира земјите одУнијата, Русија и Украина да влезат во рецесија, што од друга страна со покачувањето на цената на енергенсите придизвикува дополнителна криза, која ќе го намали странскиот капитал во нашата земја.

Ниту една национална економија во моментов не може да кажи колку ќе го издржи тој притисок и треба да има преструктуирање преку владини мерки, а она што се прави е мошне успешно менаџирано да се ублажат консеквенциите и импликациите од Руско-Украинскиот конфликт врз националната економија на Република Северна Македонија, вели Влатко Пачешквски, УГД - Штип.

Во услови на финансиска криза, главниот збор го имаат економистите, па од тие причини Економскиот факултет при УГД организира дводневна работилница на тема “Биди економист”, наменета за средношколците да се запознаат со професорите, но и да им помогне во изборот на идната професија.