Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.
-Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат справуваат со билатералните прашања. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Пленковиќ и на премиерот Спајиќ што разговараат меѓусебно, што седнаа на иста маса и што наоѓаат решенија за билатералните прашања. Бидејќи билатералните прашања во никој случај не смеат да го попречуваат напредокот во процесот на пристапување – а токму вака треба да се постапува – нагласи Вајц.
Сметам, потенцира Вајц, „дека ова е и одличен пример за тоа како може да се пристапи кон билатералните прашања што бараат дијалог и во други земји, како што е Северна Македонија“.
-Дел од билатералните прашања сега се на европско ниво, станува збор за вклучување на малцинствата, и во тој поглед треба да се реализираат уставните измени. Но, повторувам, единствениот начин да се излезе од тој ќорсокак е страните да разговараат меѓусебно – односно, владите на Бугарија и на Северна Македонија да седнат и да разговараат. И бидејќи знаеме дека мотивацијата не е секогаш на највисоко ниво, Ве молам, Комесарке, да вложите напори во оваа дипломатска насока – и порача Вајц на Кос.
Претходно, Кос го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на ЕК десет земји кандидати за членство во ЕУ и посочи дека секоја земја-кандидатка може да се придружи на групата земји што брзо напредуваат и оти Унијата ги охрабрува сите кандидати да го направат тој избор.
За Македонија, таа кажа дека Владата демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда.
-Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Земјата треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. Сега зависи од Северна Македонија – рече Кос.
МИА
Ново на Сител
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
