Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
