Македонија
3. March 2026 - 16:32

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење. Адвокатото Глигорие Ќатоски вели дека недостигот на безбедна вода за пиење веќе не е краткорочен технички проблем, туку сериозна и продолжена криза која трае безмалку месец дена и директно го засега здравјето и основните услови за живот на граѓаните.

Ќатоски потенцира дека кризната  состојба е правен механизам за заштита на јавниот интерес и се прогласува кога се загрозени здравјето и животот на луѓето а  постои и ризик за животната средина.

Најновите анализи од Центарот за јавно здравје направени вчера покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но препораката за непиење останува во сила

Надлежните информираат дека анализите ќе бидат повторени во наредните два дена, со цел дополнителна проверка и потврда на состојбата.