Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
