Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

Износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а според сите параметри и сознанија ќе биде 3 до 3,5 проценти, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.
- Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи треба да влезат во исплата на септемвриската пензија што ќе се земе на 1 октомври - рече Велковски вечерва во гостување на ТВ Сител.
Тој посочи дека засега останува важечкиот член од законот со процентуално зголемување на пензиите кои претходно со линеарното зголемување беа зголемени за 7.000 денари.
- Дали ќе има дополнителни интервенции, согласно политиките и динамиката како ќе се движат одредени параметри во државата одлуките ќе се носат дополнително. Следното е во март 2027 година. Дотогаш мислам дека има време - посочи министерот Велковски.
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има раст на пензиите од септември, изјави дека за да се заштитат пензионерите, пензиите ќе растат согласно законот, наведувајќи дека кога владата ги зголемила пензиите линеарно, тогаш одредени поедини охрабрени од опозициските партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување.
- Да, тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон, рече премиерот Мицкоски.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
