„Винамп“ се враќа на дигиталната музичка сцена

Стариот и доста познат музички софтвер „Винамп“ се враќа „на сцената“ откако програмерите го подготвија првото надградување на МП3-програмата по четири години.
Иако не изгледа драматично различно, програмерите тврдат дека новиот „Винамп“ е резултат на долгогодишна напорна работа што вклучува и многу нова развојна платформа. Софтверот има долга историја – стана познат во раната МП3-ера на преземање музика и го користеа сите – од домашни корисници до дигитални продавници, пред сѐ поради тоа што е едноставен за ракување.
Матичната компанија „АОЛ“ згасна во 2013 година, откако конкурентните апликации и стрим-услугите како „Спотифај“ и сл. ја заменија програмата.
Сепак, „Радиономи“ го врати „Винамп“ следната 2014 година како дел од развојот на неговите интернет-музички планови, а тимот вети „целосно ново искуство“, вклучувајќи „подкаст“ и „радио“ функции.
„Винамп“ ќе треба да се прилагоди на новите текови, бидејќи „стримот“ сега доминира во технолошкиот свет на музиката преку мобилните телефони и „паметните“ звучници… Сепак, кај многумина, се чини, ќе разбуди убава доза носталгија.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
