Бизнис
14. April 2022 - 16:35

Владата подготвува Ребаланс на Буџетот

Цените на храната  и енергенсите ќе растат, дефициот и јавниот долг ќе се зголемуваат, потребата за пари – извесна. Се крои ребаланс на буџетот,  кој наредниот месец ќе се најде пред пратениците. Спремна е и еврообрзницата,  но каматите во моментов се високи, откри министерот за финансии Бесими.  Недостасуваат 600 милиони евра  во буџетот, затоа Владата ќе крати од каде што може

Притисоците врз инфлацијата се се повисоки. За да се задржи ценовната стабилност, Централните банки во светот реагираат и ги зголемувата каматите. Вчера и Народната банка ја зголеми референтната камата за 0,25%. Но дали ќе биде доволно или ќе следат нови зголемувања?

Клучни приоритети на Владата се задржување на стандардот на граѓаните, економски раст и капитални инвестиции, вели премирот Ковачевски. Ќе се инвестира во обновливи извори на енергија и во земјоделието, каде се најавени повисоки субвенции за стратешките култури.

 Авансно ќе се плаќаат субвенциите, 30% пред сеозна, а 70% потоа, ќе се зголемуваат субвенциите за стратешките култури, за зелена нафта, сточарство и слично, изјви премиерот Димитар Ковачевски

Кризатата ќе потрае. Затоа експертите порачуваат – владите .да делуваат само каде што е најпотребно, односно кај најранливите.