Бизнис
20. July 2023 - 16:34

Владата се предомислува - Пелетите ќе се даночат со 5% ДДВ

ДДВ то за пелетите останува  5%. За да се зачува стандардот на граѓаните кои се греат со овај енергенс, СДСМ поднеле амандман со кој предлагаат данокот да не се зголемува на 18%. За останатите закони пак, Солидарниот и повисок ДДВ на луксузни производи – нема отстапки. Тие се веќе доставени во Собранието, вели вицепремиерот Битиќи. Ако власта изминатите 4 години го помагала бизнисот полесно да ја пребродат кризата, сега е време тие компании да ја покажат солидарноста, смета вицепремиерот. 

Од Бизнисот пак согласни – Солидарниот данок не смее да се донесе и  да ги казни успешните компани. Уставниот суд е последната инстанца. 

Опозицијата пак, ќе предложи јавна расправа за предложениете закони, бидејќи сметаат дека власта мора да ги земе во предвид и мислењата на засегантите. Сепак, Мицкоски не е оптимист дека власта ќе ја прифати нивната иницијатива.

- Во спротивно чувството на бизнисот, но, и нашиот став е дека компаниите кои се дисциплинирани и кои и досега ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот дополнително се оптоваруваат на сметка на оние компании кои не се дисциплинирани и се дел од сивата економија и не ги плаќаат своите обврски во буџетот, изјави Христијан Мицксоки, ВМРО-ДПМНЕ.

Расправата за законските измени почнува в понеделник. Дебатата трае само 3 дена, што би значело деак за 9 дена ќе бидат изгласани. Од Солидарниот се очекува да се соберат од 70 до 90 милиони евра. додека од данокот за ДДВ, не се знае, затоа што листата луксузни прозиводи кои наместо со 5 ќе се даноочат со 10 осто ќе биде објавена откако ќе се изгласа законот.