Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
Собранието да го разреши државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски..
Ваква одлука донела владата на денешната седница, а во образложението наведува дека Коцевски сторил професионални грешки со кои се нарушила ефикасноста на обвинителството..
Коцевски пак денеска во изјава за медиумите, неколку часа пред да биде објавен предлогот за негово разрешување, рече дека тоа е политичка одлука.. Смета дека единствен основ за негово разрешување е тој да има направено тешка дицциплинска постапка, која според Коцевски, не ја утврдил советот на јавни обвинители..
Постапката за разрешување на Коцевски, Владата ја почна во февруари, но по пожарот во Кочани, го стопираше процесот.. Во меѓувреме, Советот на јавни обвинители даде негативно мислење на предлогот за разрешување, а за тоа ја информираше и владата.. Во собранието пак беше изгласана интерпелација на Коцевски која тој ја нарече полиитчки инструмент за упад во самостојноста на обивнителството..
Од февруари лани Коцевски раководи со државното јавно обвинителство.. Беше избран со 62 глааса од претходното пратеничко мнозинство..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
