Владина делегација на форумот во Давос

Владина делегација предводена од премиерот Хистијан Мицкоски учествува на економскиот форум во Давос. Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, учествувал на Средбата на лидерите 2026, значајна платфома за дијалог и глобална сорабока.
За време на својот престој, Сали остварил средби со политички претставници, бизнис лидери и со медиумски куќи од целиот свет, при што дискутирале за можности за соработка, партнерства, и за политичките и економските развојни перспективи на регионот со посебен фокус на Македонија.
Вчера, премиерот Мицкоски остварил средба со сопственикот на компанијата Фор-Ај Џи, телекомуникацискиот оператор кој доби лиценца за влез на македонскиот пазар.
Како што информираше Мицкоски, компанијата планира да вложи 100 милиони евра за развој на мрежата.
Учеството на самитот македонската делегација го користи за серија билатерални средби кои што се предвидени предвидени и во текот на денешниот ден.
Ново на Сител
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
