Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана

Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. 000 денари, за 41.8 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71.5 проценти) наменети се за објекти од високоградба, 27 (9.3 проценти) од нискоградба и 56 (19.2 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 291 објект, на 197 (67.7 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (32.3 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од 65 663 метри квадратни. Во Скопскиот регион 261, во Југозападниот 154, Вардарски Регион, 138, Полошки Регион, 107, Источен Регион, 39, Пелагониски, 11.
MИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
