Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ.
– Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од денеска ќе биде многу полесно, посочи Магазиновиќ.
Тој му се заблагодари на студентот на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ирафан Рибиќ, кој тврди дека со масло од канабис се излекувал од мултипла склероза.
Магазиновиќ се заблагодари и на министерката за цивилни работи на БиХ, Дубравка Бошњак, „која изнајде начин за надминување на институционалните блокади и ја упати предлог-одлуката на усвојување“.
Со усвојување на одлуката се отвора патот за регулирање на употребата на канабис за медицински цели, што би можело да овозможи легална и контролирана терапија за пациентите во БиХ, која досега беше достапна само преку црниот пазар или во странство.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
-

Четиригодишна стагнација на судскиот систем
-

УЈП бара над 10.000 граѓани кои работеле во странство да платат данок на доход, граѓаните револтирани, планират да ја напуштат државата
-

Од први февруари ќе се казнува ако возите над 57 км/ч
-

Нов Клинички на местото на ГОБ “8 Септември”?
