Бизнис
5. January 2026 - 16:27

Во буџетот собрани речиси 500 милиони евра помалку од планираното

Слаба наплата на буџетските  приходи, објави министерството за финансии. Од планираните 5,9 милијарди евра, собрани се 5,4 милијарди или 470 милиони евра помалку од парите кои очекувала да го наплати  државата лани. 

Најголемо потфрлање има  кај неданочните приходи.  Министерката  Кочоска вели дека речиси сите државни институции, кои имаат свои сметки, потфрлиле.Трошеле, а не ги собирале парите.

-Тоа значи дека самите газди не си ги собраа приходите, а тоа се институциите кои имаат сопствени сметки. Но, тоа не ги попречувало да ги трошат парите затоа што тие имале пари и на сопствени сметки.  Како министер за финансии ќе притискам и понатаму да се трошат сопствените сметки затоа што тие не се сопствени сметки на институциите, туку тоа се пари на државата, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Потфрлање има и кај придонесите за пензиско, иако наплатата на придонесите за здравство и за вработување е 100 отсто. Министерската Кочоска најави дека ќе се испитува зошто  е голема разлика во ПИОМ, а законски измени ќе има и кај персоналниот данок во игрите на среќа.

Кај данокот на личен доход пак, кој го оставриле граѓаните кои работеле во странство, и имаат решение  дека таму им е платен данокот, се уште имаат можност да  достават  доказ во УЈП. За 2020 та година даночно решение им пратиле на 11 илјади граѓани.

-Верувам дека одредени граѓани не стигнале да ги завршат активностите во однос на собирањето и доставувањето на доказите и тоа е разбиливо бидејќи се работи за пет години наназад, меѓутоа нашиот рок за завршување на постапката беше до 31 декември и тоа е законскиот рок. Имајќи предвид дека граѓаните мора да обезбедат докази за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, ќе им овозможиме да го сторат тоа. Ги повикувам сите да ги достават доказите, ќе ги разгледаме и што може да се прифати, ќе прифатиме, рече Елена Петрова, директорка на УЈП

Против даночното затајување и подобра наплата на даноците, стартува пилот проектот за е фактура.. Петрова ги повика сите ИТ компании и фирмите кои имаат сопствен софтвер да се прилучат во правта фаза, која ќе трае до 3 кавртал годинава.