Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.
Отстранети се и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.
Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници - вкупно 32 - се врачени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија, се наведува во соопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
