Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Управата на националниот парк „Маврово“ почна да спроведува видеонадзор. Новиот систем треба да обезбеди повисоко ниво на заштита на природата, како и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите.
Во соопштението до јавноста се наведува дека одделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово, на 60 локации низ територијата на паркот. Поставувањето на опремата, како што наведуваат од НП „Маврово“ е во согласност со законски надлежности и обврски и се однесуваат на заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите.
- На ваков начин ќе се следат дивите видови животни и нивната бројна состојба. Освен тоа ќе се овозможи превенција и рано откривање на незаконски активности, како што се бесправна сеча, лов, загадување, уништување на природните ресурси и други дејствија што можат да предизвикаат штета врз животната средина, стои во соопштението од НП „Маврово“
Со видеонадзорот ќе се овозможи и подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.
Од управата на најголемиот национален парк во Македонија упатуваат апел до посетителите да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамки на паркот, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно во зачувувањето на природното богатство.
МИА
Ново на Сител
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
