Во Париз отворени Параолимписките игри

Церемонијата на отворањето на Параолимписките игри почна на плоштадот „Конкорд“ и авенијата „Шанзелизе“ во кореографија на Швеѓанецот Александар Екман.
Како и со Олимписките игри, церемонијата на отворањето на Параолимписките игри по првпат се одржува надвор од стадион во француската престолнина.
Син, бел и црвен чад, според боите на француското знаме, беше испуштен од авионите на акробатската единица на француската авијација, пред спортистите да го почнат своето дефиле.
Во текот на денот во Париз пристигна параолимпискиот факел кој мина низ улиците на главниот град на Франција, а меѓу носителите на факелот беше и актерот Џеки Чен.
Француските спортисти, меѓу кои Сирена Самба-Мајела и Рјад Салем, го запалија факелот во присуство на околу 500 луѓе.
Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс, верува дека Париз ќе ги спроведе „најспектакуларните параолимписки игри досега“.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
