Македонија
11. April 2020 - 19:48

Во пожар во гаража во Прилеп загина 65-годишен маж - истрагата треба да ги покаже причините

65-годишниот прилепчанец М.К. попладнево почина под неразјаснети околности откако изгорел во пожар кој се случил во гаражата на неговата куќа на улицата „Никола Карев“. Соседите велат дека слушнале викање и виделе чад. Истрчале веднаш да му помогнат, но тој веќе бил мртов. Не знаат како точно дошло до смртта на нивниот сосед.

„Тој веќе гореше, комшииве и тие дојдоа со лопати, и јас зедов лопата, го нафрливме со земја, ама веќе беше мртов. Тој гореше целиот во бензин, веќе беше легнат, устата подзината, ужасна слика. Не можам да кажам дали сам изгоре“, велат соседите.

На лице место веднаш пристигнаа екипите на полицијата и Противпожарната Бригада и Јавното Обвинителство.

Истргата допрва треба да ја утврди причината за смртта на М.К. и како точно таа настанала.